Билјана Младенова, сопругата на новинарот Никола Младенов, во ексклузивно интервју на 1ТВ, тврди дека единствена причина за собраќајната несреќа во кој загина нејзиниот сопруг е неприлагодената брзина.
“Сознанијата со кои јас располагам не ја менуваат претходната фактичка состојба дека Никола загина во сообраќајна несреќа поради неприлагодена брзина, согласно условите на патот. Јас ја разбирам добрата намера на сегашната влада. Луѓето ја изгубија целосно довербата во институциите на системот. Тоа дополнително ги подгреваше сомнежите не само за сообраќајната несреќа на Младенов. Тоа не беше констатација само на граѓаните, туку и од целокупниот меѓународен фактор, добивме оценка дека нашиот правен систем е урнисан и имаме заробена држава. Да бидам децидна. Причината за трагичната сообраќајна несреќа е брзината. Апсолутно немам сомнеж дека стои нешто покрупно“, рече Младенова.