Поранешниот директор на БЈБ Митко Чавков е осуден на 18 години затвор за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на земјата.
За истото дело се осудени и Митко Пешов, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Мунир Пепиќ, Јане Ченто, Влатко Трајковски Никола Митревски Кољо на по 15 години затвор, Вилијам Михајловски на 14 години затвор, Оливер Поповски на 13 години затвор, Игор Југ, Младен Додевски, Горанче Ангеловски на 12 години затвор, Александар Василевски Нинџа 8 години и Абдуљфета Алими на 7 години затвор.
Оливер Радулов 10 години затвор за помагање во кривичното дело.
Игор Дурловски е ослободен до обвиението, бидејќи како што рече судијката Добрила Кацарска, јавниот обвинител не докажал дека тој го сторил делото за кое се обвинува.