Можеби најпознатиот доктор на светот, познатиот руски кардиолог Лео Бокериа го има рецептот за долг живот. Тој ја поби идејата за традиционална дијета и како што вели, се што сме знаеле за здрава исхрана е лага.
“ Изреката доручекот изедете го сам, е потполна бесмислица. Кога ќе се разбудите телото започнува да се привикнува на состојба на работа, а вие седнувате на маса и изедувате чинија полна со месо, корпа леб, а ќе се напиете и некој пијалок… Така најадени одите на работа, и тогаш сте тешки и на самите себе…“ вели Бакериа и додава:
“ Кога соработувавме со Американците приметив дека големите хирурзи наутро во најдобар случај, ќе се напијат само кафе. Дури напладне ќе изедат еден сендвич, и тоа го нарекуваат ручек. Во вечерните часови доаѓаат дома, јадат нормална храна, пливаат во базен, читаат и се одмараат… Значи, доручекот дајте му го на непријателот, ручајте околу пладне и нормално вечерајте, но, не во доцните часови. На крајот на денот прошетајте или вежбајте. Според моето искуство луѓето што така живеат, живеат долго и здраво“.