СРЦЕТО МУ ПУКНА ОД ТАГА: Почина и братот на Шабан Шаулиќ  (ФОТО)

by Тони Зографски

 

Во фамилијата на Шабан Шаулиќ нова трагедија. Откако на 17 февруари загина кралот на народната музика, сега починал и неговит брат, Мурадиф Демировиќ кој исто така е пејач.

Жалната вест ја сподели братучедот на Шабан, пејачот Хасан Дудиќ, кој открива дека Мурадиф тешка ја примил веста за загинувањето на неговиот брат, и по неколку дена завршил во болница. Особено, тешко му паднало што не можел да отиде на погребот на брат му.

– Во болница сум, ми се слоши од шокот и стресот. Лошо ми е и срцето, и главата, и рбетот. Моите четири браќа починаа, а ја не знам како ќе го поднесам тоа. Голема болка и се случи на нашата фамилија – вели Хасан и додава:

– Најстариот брат Мурадиф Демировиќ од нас прва почна да пее, а тој умре во тага за Шабан. Беше долго болен, не можеше да стои, имаше проблеми со белите дробови. Падна во тешка депресија, не можеше да прежали што брат му загина и што тој не можеше да му отиде на погреб.  ‘Срцето ќе ми пукне од тага’, велеше тој. Така и беше, во неделата почина“.

останати вести