д–р Екатерина Јурукоски, дерматолог и специјалист по естетска медицина
Витамин Ц е многу важен за кожата. Тој е еден е од најмоќните антиоксиданси. Витаминот Ц активира синтеза на колагенот во кожата и ги намалува знаците на старење. Кога во организмот има недостаток на витамин Ц се појавуваат темни кругови под очите, капиларна мрежа и нерамномерна боја на кожата.
Витаминот Ц многу е ефикасен во третманите за лице. Едни од најважните функции на витаминот е стимулација на изработка на хиалуронска киселина. Исто така тој ги намалува акни, овозможува инфлаинфламаторно и смирувачко дејство.
Ако кожата ви изгледа уморно и има бледа боја ќе ви помогнат козметичките производи со витамин Ц. Како дел од специјална козметика витаминот Ц овозможуваа намалување на хиперпигментацијата со стопирање на изработка на меланинот.
Најчесто витаминот Ц може да се најде во состав на серуми и креми. Во кремите витаминот од прилика го има 0.3 %. Затоа пак серумите се поефикасни, и тие во својот состав имаат од 0.5 до 15% на концентрација на витаминот Ц.
Сите производи кој во својот состав го имаат овој витамин треба да бидат херметички добро спакувани и да се чуваат на темни место.
Козметика со овој витамин одлично се комбинира со различни третмани, меѓутоа во контакт со метал и салицилна киселина губи дел од свои својства. Таквата козметика може да се користи од 25 години возраст.
Најдобро такви серуми се користат наутро. Нанесете серумот, оставите да се упие неколку минути, потоа ставете крема со УВ заштита, минимум 20 фактор, затоа што витаминот Ц дава депигментирачко дејство. Првата недела користите го серумот секој ден, а потоа доволно е и три пати неделно.