Скопскиот џез фестивал доби 3 милиони денари од побарани 7,775 милиони, од Министерството за култура. Офф-фест ќе мора да се задоволи со еден милион од побарани шест, на Културниот центар „Интерарт“ му се одобрени 1,5 милиони од шест побарани.
Од другите претходно одбиени, „Интерфест“ од Битола доби 1,3 милиони од побарани 3,1 милион, а исто и дојранскиот „Д фестивал“ помина со 1 милион, наместо посакуваните шест. Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе добие 150 илјади денари за фестивалот „Здраво млади“, додека „Радиото Стотројка“ 60 илјади денари за настанот 103 генерации.
Повторното разгледување на пријавите беше извршено согласно принципите на професионалност, разновидност и креативност, следејќи го гласот на културните работници и професионалци, се вели во соопштението на Министерството за култура.