На четворогодишно дете во американската држава Јута му е изгризана раката од една куче, откака преку ограда се обидел да си поигра со него. Тоа е итно пренесено во болницата во Солт Лејк Сити.
Командантот на пожарникарната единица, Џејсон Кук вели дека детето на раката ставило чорапа за да си поигра со две комшиски хаски. По несреќата членовите на неговото семејство му притрчале на помош и се обиделе да го запрат крварењето додека не дојде итната помош.
Раката на детето не е пронајдена, и најверојатно едно од кучињата ја има изедено.