Иако студиите покажале дека авионот е најбезбеден начина на патување, нема место во него кое е “сигурно“, барем кога се бактериите во прашање.
Иако разумот кажува дека тоалетот е легло на бактерии, како и рачките на столиците, сепак најголемата опасност доаѓа од малите отвори за вентилација што се наоѓаат над седиштата.
Истражувањето спроведено на пет аеродроми каде се тестирани по четири авион покажало дека на тие места живеат повеќе бактерии по квадратен центиметар отколку на копчето за пуштање вода во тоалетите.