На крузерите има повеќе секс отколку било каде. Дури повеќе и од колеџите, велат поранешни вработени на туристичките бродовите.
Чад Камен, поранешен менаџер во компанијата “Seabourn Cruise Line”, вели дека сексот бил една од причините поради тоа што си заминал од крузерот. Тој дури и бил верен на својата колешка, со која ја раскинал веридбата кога разбрал дека го изневерува.
“ Еден месец на брод е како две години на копно. Близината си го прави своето и ако немаш самоконтрола, целото темпо на работа и живот на кризерот ќе те уништи. Што се однесува до секс, на бродовите го има повеќе отколку било каде на друго место“ , вели Камен.
Втора причина за масовното заминување од крузерите, е што ако работиш на бродот многу тешко можеш да оформиш семејство и да воспитуваш деца, бидејќи со месеци не си дома.
Поранешната вработена во компанијата “Карневал“, Нина Беадер прифатила да работи на еден од крузерите, но кога сфатила дека ако продолжи со таквото темпо на работа своите деца воопшто и нема да ги гледа.
“ Не сакав еден ден да се разбудам и да сфатам дека на 40 години немам деца“, изјавила Нина.