Здравствената состојба на актерката Неда Арнериќ е стабилизиран откако во средата вечер беше примена на ВМА во Белград. Таа имал измешано алкохол со лекови за депресија што довело до труење. Морало веднаш да се примени испирање на организмот, по што, засега, Неда не е во животна опасност.
Нејзе ја спаси брат и, кој во средата мораше да ја скрши влезната врата на станот откако таа била во несвест и не се јавувала на телефонските повици. Два дена претходно, Неда играла на сцената на Белградскиот драмски театар и била видно расположена.
Инаку, во декември српската актерка остана без сопругот кој почина, а пред три години ја повреди половината откако падна од тераста на трети спрат во зградата каде што живее.