21-годишната Зои од Торонто го продава своето друштво и веќе заработила 5.000 долари. Таа за да заработи повеќе пари на страна додека студира, таа се пријавила на страницата “What’s Your Price„. Оваа страница ги спојува сингл членовите кои се спремни да платат за состанок. Заедницата моментално има повеќе од 2 милиони членови и забрзано расте.
“На овој сајт можам да запознаам луѓе кои веќе дипломирале и имаат работа, а со нив можам да стекнам поголемо животно искуство отколку што можам да стекнам дружејќи се со луѓето кои се слични на мене”.
Таа вели дека не само што ѝ плаќаат да излегува со нив туку има и бројни други погодности.
“Компензацијата ми помага со образованието и киријата бидејќи живеам сама, но мислам дека најголемата привилегија се подароците кои понекогаш ги добивате од мажите. Еден од мажите со кој излегов виде дека сум студентка и ми купи нов лаптоп, претпоставувајќи дека ми е потребен”.
Иако би било лесно да се претпостави дека Зои мора да им понуди сексуални услуги на мажите кои ѝ плаќаат, таа вели дека тоа никогаш не било случај.
“Никогаш не сум морала да спијам со маж за да добијам било каков подарок – тие искрено ми подаруваат работи и не споменуваат било какви барања”, заклучува Зои.