Виоленчелистот од “Ту челос“, Стјепан Хаусер , иначе бивш дечко и вереник на Јелена Розга, го оствари својот сон во јули, минатата година кога се пресели во новата луксузна вила во близина на Пула. Тој пред неколку дена се врати од американската турнеја и сега одмара во својата вила каде е често е во друштво на пријателите и ужива во бројните активности. Иако и порано ја покажа својата раскошна вила, очигледно ја посака својата сакана Истра и својот дом кој е опремен според најпрефинет вкус.
Инаку, Стјепан Хаусер веќе 11 месеци е во брак со убавата пијанистка Лола Астанова која има узбекистаноско потекло. Тој си го ужива брачниот живот со згодната Лола која преку својот Инстаграм профил секојдневно ги воодушевува фановите со свирењето клавир. Парот откако се венчаше дури започна и заедно да настапува.