Актерката Памела Андерсон побара од рускиот претседател Владимир Путин да ги ослободи китовите кои се заробени во местото Нахотка во приморскиот дел на Русија.
Памела која е членка на Одборот на меѓународниот фонд за спас на животните своето писмо упатено до Питин го објави на официјалната страна на фондацијата.
“ Сакам да се заблагодарам до руската Влада што се ангажира околу спречување на продажбата на китови и барам да се ослободат китовите што се држат во местото Нахотк“ пишува меѓудругоо во писмото.
Инаку, овие китови наводно се чуваат за продажба на Кина. Пред три дена Путин наредил до 1 март ресорното министерство да донесе одлука околу судбината на китовите.