„Таа е млада, убава, паметна и успешна, но и сама“ – колку пати сте ја слушнале оваа реченица за опис на некоја жена? „Таа“ е само една од многуте современи дами кои инсистираат на тоа „самите да си ги плаќаат сметките“ т.е. на деловно поле забележуваат големи успеси, но на љубовното никако не може да им тргне. Зошто е ова така?
Ако можеме да му веруваме на едно неодамнешно американско истражување, мажите се плашат од успешни жени. Во студијата се забележани изјави на мажи како оваа: „Жените се за многу мажи застрашувачки во вообичаени околности, а како и не би биле, кога делуваат зафатено и успешно. Едноставно делуваат недостапни“.
Др. Бетани Маршал, авторка на книгата „Деал Бреакерс“, вели:
„На жените им беше советувано да работат на својата кариера, и тоа од две причини – прво, за полесно да запознаваат мажи додека испробуваат нови работи и откриваат нови места, а второ, затоа што посветувањето во потполност на кариерата на некој начин ги чува од осаменоста. Но, ако не успорите, можеби нема ни да забележите кога некој маж ќе покаже дека е заинтересиран за вас или можеби би се увериле дека вашиот живот е веќе исполнет и без мажи во него“.
Кое е решението?
Решението е малку да се „ нагази топката“, фудбалски кажано. Тоа, за дамите кои не го разбираат офсајд правилото, значи дека наместо пет активности надвор од работното време, доволно е да одберат две, па на тој начин ќе имаат време и малку да застанат и да размислат за себе и за животот, односно ќе имаат прилика на некој маж да му дадат шанса да стане дел од нивниот живот.