По смртта на германскиот дизајнер Карл Лагерфелд главна тема на светскиот моден печат е кој ќе го наследи неговото богатство вредно 172 милиони долари. Со оглед на тоа дека немаше семејство ниту блиски роднини на кои би им го оставил богатството, медиумите шпекулираат дека славниот дизајнер најверојатно ќе биде наследен од неговата мачка.
И самиот Лагерфелд, во повеќе наврати, има изјавено дека најмногу на светот ја сака својата мачка, Чупет. Во една прилика изјави дека дури и би се оженил со своето милениче, доколку беше возможно склопувањето брак со животни.
„Сè уште не е можен брак меѓу животни и луѓе. Не верував дека толку ќе се вљубам во својата мачка“, изјави дизајнерот во 2013 година за СНН.
И сега сите се прашуваат кој ќе ја наследи мачката, иако тоа и не е некој проблем бидејќи таа има свој телохранител, личен чувар и две слугинки.
https://www.instagram.com/p/BgDId9IgEsc/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
„Никогаш не е сама кога ме нема. Дури и кога спие, секогаш има некој во близина. Таа е како шик дама со лична слугинка“, изјави во една прилика дизајнерот.
Покрај мачката, како потенцијални наследници на неговиот имот во медиумите се вртат имињата на Бред Кронинг, омилениот модел на Карл, и неговиот син Хадсон, кумче на дизајнерот.