Карл Лагерфелд последниве неколку десетици години гаеше имиџ на модна икона, а во секое свое појавување изгледаше речиси исто – носеше наочари за сонце, коса собрана во опавче, високо пдигната крагна и ракавици без прсти кои станаа негов заштитен знак.
“ Ракавиците без прсти ги носам бидејќи рацете во нив ми изгледаат подолги, а во Франција долги раце се знак на влијателност. Исто така, непријатно е да го поздравиш некого кој носи ракавици“ изјави екцентричниот дизајнер во една прилика.
Карл Лагерфелд никогаш не зборувал за својата сексуалност. ЛГБТ- заедницита одбил јавно да ја поддржи, но со години живеел со човек кој се викал Жак да Башер.
“ Порнографија е одлична работа. Им се восхитувам на порно актерите. Премногу е зло и криминал во светот и луѓето треба да се опуштат со “порниќи“. Јас не сакам да спијам со луѓето кои многу ги сакам. Сексот не може да треа вечно, но љубовта може“ велеше Лагерфелд.