ГОРАН БРЕГОВИЌ КАЈ ЖАРЕ: Свирев во стриптиз бар, па заработив трипер (ФОТО)

by Тони Зографски

Во синоќешната емисија „Еден на еден“, со Жарко Димитриоски-Жаре гостин му беше легендата на југословенската рок музика, Горан Бреговиќ. Фронтменот на “Бјело Дугме“ раскажуваше и за почетоците на својата кариера кога свирел во еден стриптиз бар во Сараево.

“ Јас имав 17 години и свирев со оркестар во еден стриптиз бар во Сараево. Во тоа време во стриптиз бар не се одеше само за да се гледаат голи женски, таму се собираа и филозофи, писатели, уметници,музичари… Таму се изнагледам голи женски колку сите млади на мојата возраст во бивша Југославија. Ме познаваа сите жени што таму работеа, а интересно е што, освен пари таму заработив и трипер“ беше отворен Бреговиќ.

Интересно е што покрај Горан Бреговиќ во шоуто на Жаре гости беа и oркестарот Агушеви и Васка Јанковска која ја пееше “Едерлези“ во филмот на Емир Кустурица “Дом за бесење“.

(Фото: еденнаеден.мк)

останати вести