Персонален фитнес и кондиционен тренер Душан Проковиќ
Тежинските тренинзи се најмногу застапени кај билдерите, а доста се практикуваат и кај оние кои вежбаат фитнес. Општо познато е дела кардио тренинзите се најпрактикувани и најефикасни кога сакаме да ги стопиме мастите, но исто така доколку сакаме да добиеме чиста мускулна маса освен кардиото се практикуваат и тежински тренинзи. Доколку сакаме да направиме видлива промена на нашето тело тогаш дигањето тегови е задолжително.
Што е тежински тренинг ?
Тежински тренинг преставува вид на отпор према одредени вежби со дополнителна тежина, кои имаат за џел да стимулираат одредена мускулна група : гради, грб, рамо, бицепс, трицепс, труп и долни екстремитети. Практично при изведување на тежински тренинг, односно оптеретување према одредена тежина ( нормално онолку колку што можеме ), телото ја зголемува силата на активниот мускул, квалитетот на коските и силата на сврзните ткива . Вежбање со тежина создаваме чиста муслулта маса, која нормално, преставува активно ткиво каде троши повеќе калории дури кога се одмара т.е. опоравува.
Кои се придобивките од тежинските тренинзи?
Кај поголемиот број на рекреативци владее мислење дека вежбањето со тегови нема да допринесе кон намалување на вишокот од килограми, па затоа често овој тренинг е заменет за кардио или некој интервален тренинг. Најчесто девојките ги избегнуваат тежините поради мислењето дека со тоа ќе ги зголемат мускулите и не би изгледале убаво. Како за информација жените не произведуваат доволно тестостерон за да можат да набилдаат големи мускули и затоа нема потреба од страв, слободно вежбајте со тежини, зајакнете ја вашата мускулатура и елиминирајте било какви девијации и проблеми со вашиот движечки систем. Доколку се мислите дали да вежбате со тежини еве некој бенифиции кои не сте ни помислиле дека можете да ги имате кревајќи тегови:
* Тежинскиот тренинг го забрзува метаболизмот, стимулира мускулен раст, поголеми мускули, и се трошат повеќе калории ако кревате доволно тешко.
* Тежинскиот тренинг ги зајакнува коските и сврзните ткива, особено овој факт е важен за жените.
* Тежинскиот тренинг ја подобрува издржливоста, а со тоа правиме да секој нареден тренинг ни биде полесен.
* Превенција од повреди.
* Ја зголемува самодовербата и самопочитувањето.
* Ја подобрува координацијата и рамнотежата.
* Ве прави поимуни и поотпорни од настинки, прави да изгледате и да се чуствувате помлади.