Пред да отидете да посетите одредена држава или град во светот нормално е да се заинтересирате за безбедноста. Според истражувањето на сајтот “SafeAround“, полскиот град Краков кој има 765.000 жители е прогласен за најопасен, односно, најмалку безбеден град во Европа.
На скалата од 0 до 100, Краков доби нула оцена за безбедноста. За ваквата оцена “виновни“ се високиот степен на криминал и честите грабежи.
За најбезбеден град во Европа е прогласен главниот град на Андора, Ла Вела кој доби оцена за безбедност од 88.6 од можни 100. Ла Вела кој има 22.000 жители се наоѓа помеѓу Франција и Шпанија.