ВАША ОРДИНАЦИЈА: Розева естетика на насмевката

by Тони Зографски

 

Д-р Ели Андонова 

 сопственик на ПЗУ Дорабела естетик

 

Насмевката е огледало на лицето и прво нешто што се забележува кај личноста. При изразување на емоции на радост, среќа, хумор, задоволство, таа е глевен фактор за естетика и украс на лицето. Атрактивната насмевка секогаш делува позитивно и го зголемува убавиот  впечаток за личноста. Генерално убавината на насмевката е одредена од многу фактори. Иако особено значајни за нејзината убавина се: присуството на забите, нивната боја, облик и позиција,  огромен удел има и видливоста на непцето (гингивата).

Кога зборуваме за видливоста на непцето(гингивата) зборуваме за розева естетика, која е значајна компонента на секоја насмевка, особено кога станува збор за луѓе со широка насмевка. Сите ние сме различни и при насмевнување даваме различна видливост на забите и непцето. Според таа видливост насмевката може да биде:

  1. Насмевка со многу висока линија на осмев. Кај таквите луѓе покрај тоа што забите се целосно видливи при насмевнување се откриваат и повеќе од 2мм од гингивата. Ваквата насмевка е помалку естетска.
  2. Насмевка со висока линија на осмев. Видливоста на забите е целосна и се гледа околу 2мм од гингивата. И оваа насмевка е помалку естетска.
  3. Насмевка со средна линија на осмев. Тука генерално видливост имаат само забите и можеби сосема мал дел од гингивата. Во овој случај станува збор за насмевка со висока естетика.
  4. Насмевка со мала линија на осмев. При природно насмевнување, пациентот има  помала видливост на забите, а непцата воопсшто не се видливи.

Современата стоматологија нуди решенија за виквиот проблем. Кај пациентите со насмевка тип 1 И 2 ( насмевка со многу висока линија на осмев и висока линија на осмев) каде видливоста на непцата е изразена, а при тоа пациентот нема долги заби,  најчесто се решава со орално хируршки зафат. Овој зафат подразбира засекување на непцата и отварање на забната коронка.

Зафатот се изведива со скалпел или ласерски и ординациски се решава во само една сеанса. Но оваа техника е одлична кај индивидуи кои немаат долга клиничка коронка туку имаат проблем со кратки или мали заби, и не е индицирана кај секого. Резултатите се инстантни, убави, а самодовербата на пациентите се подобрува во иститот момент по  интервенцијата. Кај посериозна видливост на непцата потребна е покомплицирана хируршка процедува. Вашиот стоматолог треба да одлучи и да процени колку сте индицирани за процедурата.

Во поново време високата видливост на непцата се решава и со апликација на ботокс во мускулот кој е поткревач (елеватор на горната усна). На тој нацин при насмевнување ограничено е подигнувањето на устата, а со тоа и се намалува видливоста на непцето (гингивата).

Современата стоматологија нуди многу можности за подобрување на естетскиот изглед кои не секогаш бараат многу финансии и захтевни процедури. Доколку имате краки заби, мала коронка, препокриеност на забите со непце, консултирајте се со вашиот стоматолог за нивно едноставно подобрување.

 

останати вести