Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека се покренати пет постапки за говорот на омраза на социјалните мрежи во врска со автобуска несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај село Ласкарци, во која загинаа 14 лица, а 37 лица беа повредени.
„Веќе се поднесени соодветни пријави во надлежните јавни обивнителства во Скопје, Струмица и во Куманово и секако дека ако се случуваат и во наредните денови ќе имаме реакција“, рече Спасовски.