Една од жртвите на вчерашната трагедија на патот Скопје-Тетово е 19-годишниот студент на медицина Онур Садику.
Оние што го познаваат Онур го опишуваат како примерно момче, како во училиште, така и во приватниот живот. Тој имал сон во животот да им помога на луѓето, па затоа го избрал медицинскиот факултет.