Дозволете и на планината да влијае на вашето здравје

by Тони Зографски

Работната недела знае често пати да нè исцрпи, да биде напорна и едвај да дочекаме да заврши. А викендот е тука за да ни пружи време кое можеме да го исполниме со слободни активности.

Климата на планина е идеална во секое годишно време, а од голема корист е за луѓе кои се под постојан притисок од работата, под стрес кој треба некако да се ослободи. Чистиот воздух и високото ниво на кислород го подобруваат имунитетот и ја зголемуваат енергијата.

Се олеснува работата на срцето, се стабилизира дишењето и се забрзува метаболизмот.

Планината влијае позитивно на вашето здравје, без исклучоци. Кога сте на планина, вие спиете како бебе. Интересно е тоа што не ви се потребни многу часови сон за да се разбудите свежи. Тоа е предноста и убавината на престојот. Луѓето кои се љубители на ваквиот начин на туризам велат дека тоа е најдобрата антистрес терапија која може еден човек да ја добие.

Брзиот начин на живот во урбаните средини нè тера да се чувствуваме истоштени и уморни, причина заради која е потребен одмор во природа.

Некои истражувања тврдат дека животот на планина, пак, го продолжува векот на живеење. Токму затоа, дел од луѓето се одлучуваат и своите пензионерски денови да ги поминат во мир и хармонија во некој планински предел.

Извор: hybread.mk

останати вести