Денеска, со почеток во 10 часот во просториите на Министерството за култура, ќе започнат со работа сите стручни комисии по одделни дејности кои ќе имаат задача повторно да ги разгледаат сите апликации кои беа одбиени на годишните конкурси на Министерството за култура за 2019 година, информираат од Министерство за Култура.
Прво, одлуките за сите одбиени апликации ќе бидат поништени, и по нивното повторно разгледување, доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти од национален интерес ќе биде дополнета.
Онаку, на објавените Годишни конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2019 година пристигнаа 5.560 пријави, а комисиите предложија поддршка за 2.781 проект.