Италијанската актерка Моника Белучи привлече внимание на 23. Меѓународен филмски фестивал во Маракеш, Мароко, каде што се појави во долг црн фустан на „Фенди“ со светки и асиметричен крој на едно рамо.

За елегантното издание го дополни изгледот со чанта „Багет“ од истиот моден бренд и висечки обетки на „Картие“, украсени со дијаманти и црн оникс. Белучи пристигна во Мароко по повод прикажувањето на филмот „Ketticè“ на Џовани Торторичи, за кој летово освои награда за најдобра актерска изведба на фестивалот во Локарно.

Актерката отворено зборува и за навиките со кои се грижи за изгледот. Навечер темелно го чисти лицето, а наутро нанесува хидратантен крем. Во шминкањето најчесто избира светлокафеави сенки за очи.

Нејзината животна филозофија е поедноставна одошто многумина мислат
Актерката се придржува до едноставно животно мото:јадете добро, уживајте во добар пијалак, негувајте го љубовниот живот и смејте се многу. Токму таквиот однос кон секојдневјето ја претставува суштината на нејзиниот поглед кон убавината. Наместо да го подредува животот според правила и забрани, Моника одбира задоволство, самодоверба и уживање во малите нешта.
За време на гламурозната вечер во Маракеш, друштво ѝ правеле филмските режисер Лука Гвадањино и Џовани Торторичи, кои се поврзани со нејзиниот нов филмски проекти Ketticè. Сепак, најголемо внимание привлекла токму Моника, која со својот изглед уште еднаш покажала дека женственоста, харизмата и елеганцијата не знаат за години.
