Американската манекенка Бела Хадид позирала целосно гола за новата насловна страница на списанието „Harper’s Bazaar“, а на црно-белата фотографија носела само впечатливи бисерни обетки и чевли со потпетица со крзнени детали.
Триесетгодишната манекенка за насловната страница позирала во бисерни обетки на „Чопард“ и чевли со потпетица од модната куќа „Ботега Венета“, чија цена е околу 1.600 долари. Станува збор за модел со шпицест врв и детали од јагнешко крзно. Косата за оваа прилика ѝ била зачешлана наназад и подигната во елегантна пунџа.
Во разговорот со главната уредничка на списанието, Самира Наср, Хадид зборувала за тоа што за неа претставува успехот, откривајќи дека не го поврзува нужно со кариерата и славата.

„Успехот за мене може да значи живот во мир, во мал град, со мажот кого го сакам, моето дете и животните“, рекла таа.
Хадид открила и дека веќе подолго време размислува за отворање пекарница која би користела намирници од локалната заедница, заедно со цвеќарница и други содржини.
„Отсекогаш сум сакала да отворам пекарница во која ќе се подготвува храна од намирници директно од фарма, заедно со цвеќиња и сè она што доаѓа од локалната заедница. Сакам да правам работи што ме исполнуваат одвнатре: да имам стаклена градина во која можам да одгледувам растенија, студио за изработка на стакло и керамика, како и многу деца и да бидам мајка“, раскажала манекенката.
