Се омажи Мајли Сајрус: Романтичната свадба во поранешниот дом на Френк Синатра (ФОТО)

by Тони Зографски

Мајли Сајрус и музичарот Макс Морандо се венчаа на 21 ноември 2026 година на приватна церемонија во Палм Спрингс, Калифорнија.

Свадбата се одржа на имот во Палм Спрингс кој некогаш му припаѓал на легендарниот пејач Френк Синатра. Двојката ги размени заветите покрај базен, под лак украсен со бели цвеќиња и свеќи.

На интимната церемонија присуствуваа околу стотина најблиски пријатели и членови на семејството, меѓу кои и нејзиниот татко Били Реј Сајрус со партнерката Елизабет Харли. Невестата носеше бел фустан, додека за гостите важеше строг кодекс на облекување во целосно црна облека.

Според извештаите на медиумите, церемонијата ја водел Вејн Којн, фронтменот на бендот The Flaming Lips, со кого Сајрус соработуваше на нејзиниот албум од 2015 година.

Сајрус и Морандо (тапанар на рок-бендот Liily и музички продуцент) се во врска од крајот на 2021 година, откако се запознале на состанок на слепо. Се верија околу една година пред венчавката.

Majli Sajrus i Maks Morando krunisali su višegodišnju vezu brakom - Avaz

Ова е втор брак за поп-ѕвездата, која претходно беше во брак со актерот Лијам Хемсворт од декември 2018 до нивниот развод на почетокот на 2020 година.

Макс е речиси 6 години помлад од Мајли.

останати вести