Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски, закрепнувал во своето родно село по лекарска интервенција, објави градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски.
Митовски додаде дека неделното попладне го поминал во друштво на Јакимовски.
„Со Стевче муабетот секогаш е пријатен, а од секоја наша средба си заминувам побогат за некој добар совет или искуство што со задоволство го споделува. Стевче, од срце ти посакувам брзо закрепнување и уште многу вакви средби во добро здравје“, напиша Митовски.
Јакимовски претходно беше осуден на шест и пол месеци затвор за бесправната изградба на општинските бараки во Карпош, а пред тоа пет месеци помина во куќен притвор. Сепак, во септември 2026 година Врховниот суд ги укина пресудите и предметот го врати на повторно судење.
