Познато е дека сестрите од кланот Кардашијан-Џенер се особено блиски, но според многумина, Кендал и Кајли ги преминале границите.
На 3-ти ноември, Кендал Џенер наполни 31 година, а по тој повод нејзините сестри споделија објави на Инстаграм.
Клои Кардашијан сподели неколку фотки и видео кое е снимено на забава, а на него се гледаат Кендал и Кајли кои делуваат пијано.
Американскиот портал „Комплекс“ открива дека снимката е направена на прославата за 30. роденден на Кендал во 2025 година. Облеката на сестрите помогнала да се утврди дека станува збор за постара снимка, која Клои ја споделила дури сега како дел од роденденската честитка.
Клои покрај видеото напишала дека ги сака „овие две мали пингвинчиња“, а на Кендал ѝ посветила емотивна порака за тоа колку ѝ значи што можела да ја гледа како расте и се развива во жена каква што е денес. Кајли, пак, објави фотографии од нивното детство и напиша: Јас сум тоа што сум благодарение на тоа каква ти беше ти за мене, нарекувајќи ја Кендал своја сестра засекогаш.
Во еден миг, Кендал ѝ вели на Кајли да ја бакне, и Кајли ја бакнува, но во устата.
Потоа двете сестри почнуваат да се смеат.
Во коментари многумина ѝ го честитаат роденденот на Кендал, но има и по некој коментар за бизарниот бакнеж.
„Се бакнувате?“
„Навистина е чудно“.
„Нема ништо нормално кај Кардашијанс“.
„Јас сум многу блиска со моите сестри, но не ги бакнувам вака“.
„Ова е вознемирувачко“.
