МИНА КОСТИЌ ОСОМНИЧЕНА ЗА КРАЖБА?: Обезбедувањето повикало полиција во трговски центар

by Тони Зографски

Српската пејачка Мина Костиќ се најде во центарот на медиумското внимание по информациите дека била вмешана во инцидент со наводна кражба во продавница во еден од трговските центри во Белград.

Според српски „Курир“, обезбедувањето на продавницата повикало полиција, која пристигнала на местото на настанот.

Како што пренесува медиумот, станувало збор за облека што не била платена, а наводно завршила во ранецот што пејачката го носела при излегувањето од продавницата.

Според неименуван извор на „Курир“, пејачката потврдила дека била во продавницата, но категорично негирала дека станува збор за намерна кражба.

„Да, бев таму. Отидов да вратам нешто“, изјавила Костиќ за српските медиуми.

На дополнителното прашање што точно се случило, пејачката одговорила дека станува збор за недоразбирање.

„Тоа парче чини само 10.000 динари, навистина не би го направила тоа. Се случи грешка, во прашање е грешка“, рекла Мина, по што го прекинала телефонскиот разговор.

останати вести