Манекенката Хајди Клум сака да ги истакнува своите прекрасни атрибути. Често ја гледаме во комбинации што привлекуваат љубопитни погледи, а штом ќе се укаже прилика, таа со задоволство се соблекува и облекува впечатливо бикини. Така беше и овој пат, кога на својот профил на Инстаграм сподели жешка фотографија.
Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата.

Хајди не се крие
Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“.
