Иако има 55 години, британската водителка Аманда Холден со своите објави, но и со својот заводлив изглед, ги руши сите предрасуди за жените во шестата деценија. Таа често е активна на социјалните мрежи, каде што редовно објавува фотографии од својот приватен и деловен живот, а објавите кои го прикажуваат нејзиниот атрактивен изглед, привлекуваат големо внимание во јавноста.

Така на Инстаграм, таа неодамна објави жешка компилација од фотографии во жолто бикини, а нејзината витка фигура и исончана кожа беа во преден план.
Судејќи според достапните информации, водителка е во Абу Даби, каде што ужива во сончевите денови и заслужениот одмор.

Корисниците на оваа социјална мрежа беа воодушевени од глетката, а во коментарите напишаа пофалби за нејзиниот младешки изглед.
„Прекрасна“, „Не можам да верувам како изгледаш…“, „Сакам да имам вакво тело кога ќе наполнам 55 години“, беа само дел од коментарите…




