Јасмин Блајт стекна светска слава со улогата на Каролин Холден во популарната ТВ серија „Чувари на плажа“. Нереалната убавина и виткото тело ѝ ја „заработија“ титулата една од најсексипилните актерки од деведесеттите години, а не е тајна дека неколку пати ги красеше насловните страници на реномирани списанија.

Сепак, зад гламурозниот имиџ на познатата убавица се криеше сосема поинаква животна приказна или, поточно, битка. Поради проблеми со наркотици, Јасмин мораше да ја напушти серијата„Чувари на плажа“, а во една прилика призна дека на почетокот ги консумирала лежерно и во друштво. Сепак, кон крајот на деведесеттите години, таа развила зависност што ѝ ја уништила актерската кариера.
„Бев уморна од тоа да бидам повредена. Ја изгубив верата во љубовта. Само сакав да се чувствувам добро. И знаев едноставен начин да се чувствувам така“, изјавила таа за „Гламур“ во 2003 година.

Во 2001 година, во моментот кога, според сопствено признание, го допрела дното, таа го започнала процесот на рехабилитација. Таа успеа да се извлече од тој пекол, а потоа се пензионираше од светот на глумата и Холивуд.
Денес, живее сосема поинаков, да речеме, помирен живот. Сепак, странските медиумски фотографи ја фотографираа на улиците на Лос Анџелес во многу лежерено издание.

Таа носела сини тренерки, која ја комбинираше со бела маица, а косата ѝ била пуштена. Вниманието на јавноста го привлече нејзиното лице, кое многу се промени од нејзините славни денови.
