Барбара Палвин и Дилан Спраус станаа родители по првпат и ја споделија среќната вест на социјалните мрежи.
Унгарскиот модел Барбара Палвин го роди своето прво дете и набрзо потоа ја сподели прекрасната вест со своите следбеници на социјалните мрежи.
„Оваа година буквално го сфативме изразот ’Денот на трудот‘ (Labor Day)“, напиша Палвин (32) покрај фотографија на која позира со Спраус (34) и нивната новородена ќерка; сите тројца носат дресови на тимот „Лос Анџелес Доџерс“.

Двојката во мај објави дека очекува принова, при што моделот за првпат го покажа својот труднички стомак на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Кан.
Два месеци подоцна, Палвин и поранешната ѕвезда на „Дизни канал“ го открија полот на бебето во премиерната епизода од подкастот на Спраус, Wildmen, кој тој го води заедно со својот пријател Бренден Колумбус.
„Ќе добиеме девојче и навистина сум возбуден поради тоа. Всушност, со нетрпение очекувам да бидам татко на девојче… Искрено, едноставно ги обожавам чајанките“, изјави тогаш Спраус.

Барбара и Дилан се запознаа на забава во 2017 година, а врската ја започнаа следната година. Дилан ја запроси убавата Унгарка во септември 2022 година, а двојката стапи во брак во нејзината родна земја.
