Изборот на облека на Лорен Санчез за државната вечера на Доналд Трамп предизвика низа коментари на социјалните мрежи. Санчез, сопругата на Џеф Безос, присуствуваше на настан во Белата куќа во чест на кинескиот претседател Си Џинпинг, на кој присуствуваа и истакнати американски бизнис лидери.

За таа гала пригода, 56-годишната Санчез носеше црн фустан со отворени рамена и длабоко деколте од Александар Меквин. Таа го дополни ансамблот со впечатлива дијамантска огрлица и дијамантски обетки.

Коментари за „несоодветниот“ изглед
Многу корисници на X го оценија нејзиниот моден избор како несоодветен за државна вечера. „Парите не купуваат вкус. Таа се облекува ужасно. Толку несоодветно“, беше еден коментар. Друг корисник напиша: „Имајте малку достоинство, за име Божјо. Ова е државна вечера, а имате 56 години“.
Некои од коментарите се фокусираа на вредноста на накитот. „Нејзиниот дијамант би можел да нахрани многу гладни деца“, напиша еден корисник. Друг додаде: „Таа е убава жена, фустанот е прекрасен, но има и нешто што се нарекува соодветност и бонтон за пригодата… нејзиниот сопруг требаше малку да ѝ каже да „го смири“.

