Шарлиз Терон блесна со својот изглед, носеше мало црно фустанче (ФОТО)

by Тони Зографски

Шарлиз Терон успеа да ги фасцинира сите со еден моден избор. Нејзиниот „мал црн фустан“ моментално е главна тема на социјалните мрежи.

Шарлиз Терон е позната како жена со стил и вкус која секогаш ја избира совршената комбинација за одредена пригода. Покрај тоа, нејзината извонредна убавина е нејзиниот најголем адут, благодарение на што секое нејзино појавување во јавноста привлекува погледи полни со восхит. Тоа секако беше случај и кога таа се појави на еден настан од големо лично значење.

Имено, таа беше домаќин на хуманитарен настан, бидејќи нејзината фондација – „Africa Outreach Project“ – веќе шеста година по ред собираше средства за ранливите деца и млади во Јужна Африка.

За оваа пригода, Шарлиз избра мал црн фустан од „Диор“; иако со минималистички дизајн, фустанот имаше впечатлив детал на деколтето – златна шнола во форма на буквата „D“

Креацијата ја истакна нејзината фигура, привлекувајќи внимание кон нејзините долги, витки нозе и белите сандали – исто така од „Диор“. Токму овој детал им падна во очи на модните критичари, бидејќи малку жени се одлучуваат за ваков тип на обувки на големи настани.

останати вести