Жестока тепачка на скопскиот аеродром, во пресметката „леташе“ и столица (ВИДЕО)

by Тони Зографски

На социјалните мрежи денеска се појавија видеа од физичка пресметка помеѓу неколку лица на аеродромот „Скопје“.

На едно од двете видеа се гледа како во пресметката, еден од тепачите напаѓа и со столица, а меѓу нив има повеќе луѓе кои се обидуваат да ги раздвојат.

Од достапниот видеоматеријал не може да се утврди што ѝ претходело на пресметката, колку лица учествувале, ниту дали некој бил повреден. Не е познато ниту дали учесниците биле патници, лица што чекале пристигнување или вработени на аеродромот.

Засега нема официјално соопштение од Министерството за внатрешни работи или од операторот на аеродромот за причините за инцидентот и евентуалната интервенција на обезбедувањето и полицијата.

останати вести