Се предаде и Перпарим Бајрами, поранешниот директор на Државна лотарија

by Тони Зографски

Поранешниот директор на „Државна лотарија“ Перпарим Бајрами, кој повеќе од една година беше недостапен за органите на прогонот, утринава се предал и е лишен од слобода. По Бајрами била распишана мерка „апси“ по барање на СМПС – Одделение за потраги, согласно член 354 став 5 од Кривичниот законик.

За случајот, во тек е судење, а Обвинителството пред два дена предложи да му се суди во отсуство, бидејќи не беше достапен за органите на прогонот.

Неговото предавање доаѓа откако Бајрами беше во бегство, а по него беше распишана и меѓународна потерница. Тој беше баран заедно со поранешниот прв вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби, во рамки на истрагата за сомнежи за незаконитости поврзани со „Лотарија“.

останати вести