Роналдо и Георгина се венчаа

by Тони Зографски

Кристијано Роналдо се ожени со долгогодишната партнерка Георгина Родригез. Португалската фудбалска ѕвезда (41) и манекенката (32) се венчаа на граѓанска церемонија на 11 август во Каскаис, Португалија. Според официјалното соопштение, венчавката била приватен и интимен настан на кој присуствувале нивните пет деца.

Тие на социјалните мрежи објавија фотографија од нивните раце со бурми со натпис G“.

Венчавката се одржа точно една година откако Родригез ја објави нејзината свршувачка на Инстаграм на 11 август 2025 година. Таа потоа сподели фотографија на која се гледа одблиску голем дијамантски прстен.

“Sí, quiero. En esta y en todas mis vidas”, напишала тогаш Георгина, што значи: “Да, сакам. Во овoj и во сите мои животи”.

Роналдо и Георгина се заедно со години и имаат две заеднички ќерки, Алана Мартина и Бела Есмералда. Португалската фудбалска ѕвезда е татко на вкупно пет деца.

Неговиот највозрасен син, Кристијано Јуниор, е роден во 2010 година, додека во 2017 година Роналдо доби близнаци, Ева и Матео, преку сурогат-мајка.

Иако во изминатиот период се појавија информации дека свадбата требало да се одржи на островот Мадеира, тие најави се покажаа како неточни.

Сега веќе нема дилема – Кристијано Роналдо и Георгина Родригез го направија следниот голем чекор во нивната љубовна приказна.

останати вести