Велосипедската рута на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на Крит завршила со пад и со посета на болница. Тој поминал со полесни повреди и по лекарскиот преглед продолжил со планираните активности.
Мицотакис ги минувал слободните денови на родниот остров Крит. За време на возење велосипед на планински терен загубил контрола и паднал.
Премиерот потоа бил пренесен во Општата болница во Ханја. Лекарите го прегледале и констатирале полесни повреди и гребнатини.
По прегледот бил пуштен на домашно лекување.
Кабинетот на Мицотакис соопштил дека премиерот е во добра здравствена состојба.
Незгодата не требало да влијае врз неговите планирани обврски.Според објавените информации, Мицотакис се вратил во својата резиденција на Крит. Потоа продолжил со работните средби и со активностите предвидени за овој период.
