Од полноќ, нафтените деривати ќе се продаваат значително поевтино на бензинските пумпи во државата, дизелот за осум денари за литар, а бензините за четири денари за литар. според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Како што се посочува во денешното соопштение, РКЕ донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81%.
Од 11.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 89,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,50 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 92,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 43,538 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 4,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 8,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 6,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,881 ден/кг. и сега ќе изнесува 43,538 ден/кг.
