Почина Србинката на која ѝ се слоши додека чекаше во метежот на граничниот премин Евзони кон Грција.
Амбасадата на Србија во Атина објави за инцидентот што се случи на 20 јули 2026 година, кога на српската државјанка Вера Линиќ (62) одеднаш ѝ се влошило здравјето додека чекала неколку часа на граничниот премин Евзони. Брзата помош пристигнала по 40 минути, по што таа била пренесена во градската болница Ипократис во Солун.
Лекарите ѝ дијагностицираа аневризма во мозокот (крварење во мозокот), која предизвикала тешки оштетувања.
„Во текот на следните 24 часа, Вера Линиќ беше поврзана на респиратор, а потоа од семејството е побарана согласност за исклучување на уредот, поради тоа што високиот притисок предизвикал неповратно оштетување на мозокот и таканаречена клиничка смрт“, објави српската амбасада.
Нејзиниот син упати итен апел до сите добри луѓе да им помогнат, кога мајка му се разболе.
– Ја реанимиравме неколку минути, таа оживеа, а потоа брзата помош ја однесе. Моментално е во болницата во Солун и рекоа дека има аневризма во мозокот, по што срцето ѝ застанало и престанала да дише – изјавил синот за српските медиуми.
Мајка му не земала здравствено патничко осигурување, па затоа ниту српскиот конзулат во Солун не можел да им помогне.
