Момче купило дрес во продавница за половна облека за само 150 денари, потоа дознало чиј е: Го продал за огромна сума пари

by Тони Зографски

Во продавница за половни работи во американската држава Орегон, тринаесетгодишно момче, Квин Б., наишло на вреден колекционерски предмет – оригиналниот дрес на познатата кошаркарска ѕвезда Вилт Чејмберлен. Во јануари, додека разгледувал во продавница за половни работи во Портланд, забележал некој како става жолт дрес на Лејкерс во куп облека. Реагирал без двоумење и го купил за помалку од 150 денари.

Квин, кој успешно препродава половни предмети преку интернет веќе три години, бил шокиран кога сфатил дека станува збор за опрема што му припаѓала на легендарниот Чемберлен, кој починал во 1999 година.

Откако дресот бил транспортиран во оклопно возило под строги безбедносни мерки, престижната аукциска куќа „Сотбис“ ја потврдила неговата автентичност, утврдувајќи дека го носел Чемберлен во финалето на НБА во 1972 година. Овој историски спортски реквизит на крајот бил продаден за фантастични 78.000 евра.

останати вести