Ана Паула да Силва е бразилска политичарка од Санта Катарина која се најде на мета на критики на социјалните мрежи бидејќи се појавила во парламентот во провокативен црвен комбинезон со длабоко деколте. Во интервју за тамошните медиуми, Ана Паула позната и како Паулина изјавила дека нема да го крие своето тело за да задоволи било кој и признала дека не очекувала толку коментари на оваа тема.
На социјалните мрежи објави фотографија со опис дека е време за „работа, меѓутоа повеќето луѓе го забележија само деколтето. Во коментарите, еден маж напишал дека „очекува да ги покаже своите способности без соблекување’. Други пак, се запрашаа дали таа е „преставничка на проститутките“.
Од Санта Катарина соопштиле дека нејзината облека била во склад со правилникот и дека немало повреда на пристојноста.