Софија Вергара го истакна бујното деколте на финалето на Светското првенство (ФОТО)

by Тони Зографски

Холивудската ѕвезда Софија Вергара беше меѓу бројните познати личности кои во живо го следеа финалето на Светското првенство на стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси.

Телевизиските камери за време на преносот уловија многу славни лица кои уживаа во фудбалскиот спектакл, меѓу кои Џеј-Зи и Бијонсе, Ријана, Дрејк, Серена Вилијамс, Дејвид Бекам, Мет Дејмон и многу други.

Со кого го следела натпреварот откри самата Вергара на својот профил на Инстаграм, каде што сподели серија фотографии и видеа од настанот што заврши со победа на Шпанија.

За жешкиот летен ден во Њу Џерси, темпераментната Колумбијка избра едноставна, но впечатлива комбинација – кафеав топ со длабоко деколте, фармерки и бели патики.

Токму овој стајлинг привлече големо внимание на социјалните мрежи и во бројни медиуми, каде што модните коментатори го оценија како смел, опуштен и совршено прилагоден за летен спортски настан.

На една од фотографиите, ѕвездата од серијата „Модерно семејство“ позираше со своето момче Даглас Чабот, додека на други фотографии беше во друштво на својот 34-годишен син Маноло Гонзалез Вергара и пријателите.

останати вести