На светската премиера на најновото филмско остварување на Кристофер Нолан,„The Odyssey“ 29-годишната ѕвезда Зендаја зачекори во бела креација од Скијапарели. Со белиот корсет потсетуваше на статуа, а со фризурата со лежерна плетенка ја потенцираше асоцијацијата со изгледот на грчките божици.
За време на свеченоста во Лондон, Зендаја се пресоблече во нежен фустан во зелени нијанси од Валентино.