Ричард Гир (76) споделил ретка семејна фотографија по повод прославата на Денот на независноста на САД. Славниот актер позирал со сопругата Алехандро Гир (43) и нивните два сина на брод во Њујорк, со Статуата на слободата во позадина. Гир, кој следниот месец ќе наполни 77 години, е во брак со шпанската публицистка осум години.
Двојката го прослави и Денот на независноста со пикник на плажа со своите синови, седумгодишниот Александар и шестгодишниот Џејмс. Подоцна, како што покажа Алехандра на социјалните мрежи, момчињата со воодушевување го гледале огнометот.
„Длабоко сум благодарна за животот што го изградивме меѓу две земји, две култури и со толку многу луѓе што ги сакаме“, напишала Алехандра во објава на Инстаграм. „Денес ја славиме поврзаноста, семејството, пријателството и сè што нè потсетува дека домот не е само место, туку и луѓето што ги носиме во нашите срца. Среќен Четврти јули на нашето семејство и пријатели низ целите Соединети Американски Држави“.


Парот првпат се запознал во 2004 година, а повторно се сретнале десет години подоцна во хотелот на нејзиното семејство во италијанскиот Позитано, по што започнала нивната врска. Гир исто така е очув на 11-годишниот син на Алехандра, Алберто, од нејзиниот претходен брак со Говинда Фридланд, кој завршил во 2015 година.

