Снимката од хрватската навивачка на трибините на стадионот „BMO Field“ во Торонто, која за време на ВАР-проверката на голот на Јошко Гвардиол против Португалија опцу, стана вирален хит.
Нејзината реакција во директниот пренос ја видоа милиони луѓе, а видеото за помалку од два дена на платформата X собра речиси 17 милиони прегледи.
„Готово е, ќе најдат нешто“
Навивачката по име Марина сега се огласи во поткастот „Croatians Online“.
„Бевме на натпреварот во Торонто. Штом беше постигнат тој последен гол и почна ВАР-проверката, сестра ми и јас само се погледнавме и рековме: „Готово е, ќе најдат нешто“. Имавме такво чувство, а верувам не само ние две, туку и 60 до 70 проценти од навивачите. За жал, токму тоа и се случи“, раскажа Марина.
Таа додаде дека, и покрај исходот, атмосферата била извонредна.
„Разговарав со Канаѓани, а дури и Португалците признаа дека ние, Хрватите, сме најдобри во навивањето и давањето поддршка. Тоа навистина е голема чест“, рече таа.
„Горда сум што светот го виде тоа“
Марина вели дека не жали за својата реакција која го обиколи светот.
„Ги видов пораките насекаде. Горда сум што камерманот го сними тоа и што целиот свет го виде. Горда сум што го забележаа тој момент кој нè прикажува нас како навивачи, нас како мала земја, но и како вистински познавачи на фудбалот. Тоа се емоции што не можат да се опишат“, изјави таа.
