Се омажи “најубавото девојче на светот“ (ФОТО)

by Тони Зографски

Тилан Блондо, француската убавица која дури двапати беше прогласена за „најубавото девојче на светот“, го изговори судбоносното „да“ само три месеци по веста за свршувачката.

Дваесет и петгодишната манекенка се омажи за партнерот Бен Атал (29) на граѓанска церемонија одржана во 16-тиот арондисман во Париз во понеделникот, пренесе „Њујорк пост“.

„Љубов“, напиша Блондо во описот на приказната на Инстаграм на која се таа и Атал, француски актер и диџеј, како разменуваат нежни погледи додека ги изговараат брачните завети.

Тилан го комплетирала својот беспрекорен изглед со елегантна и ненаметлива шминка, а потоа облекла уникатна венчаница од модната куќа „Ева Бускила брајдал“. Фустанот, целосно бел и долг до подот, го комплетирала со елегантна кратка наметка преку рамената.

Лксузниот изглед го заокружила со пунџа украсена со ситни бели цветови, додека до олтарот прошетала држејќи букет кремасти кали.

На само шест години, Блондо, ќерка на поранешниот фудбалер Патрик Блонд, стана светски позната откако списанието „Вог енфанс“ ја прогласи за „најубавото девојче на светот“ во 2006 година. Ова престижно признание дојде кратко откако таа носеше модна ревија на Жан Пол Готје на само четиригодишна возраст.

До десетгодишна возраст, таа стана најмладиот модел што некогаш позирал за француското издание на престижниот магазин „Вог“.

останати вести