Италијанската дива Моника Белучи уште еднаш докажа дека годините се само бројка за неа, засенувајќи ги сите присутни на филмскиот фестивал во Франција. Во гламурозен црн фустан, 61-годишната актерка со леснотија ги привлекла сите погледи на баскискиот брег.
Култната филмска ѕвезда се појавила на четвртото издание на Меѓународниот филмски фестивал „Biarritz Film Festival“. Иако на настанот присуствувале многу познати лица, вклучувајќи ја претседателката на жирито Кристен Стјуарт и Марион Котијар, италијанската икона на убавината го украла шоуто.

За прошетка по сончевиот француски брег, Белучи избрала долг црн фустан во со екстремно длабок шлиц кој суптилно ја нагласил нејзината фигура. Едноставната, но впечатлива креација со долги ракави ја надополнила со црни чевли со платформа, темни очила за сонце и структурирана мини чанта.


